Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник

Русија очекува „извесен напредок“ во решавањето на украинското прашање за време на разговорите со САД во понеделник во Ријад, изјави денеска Григориј Карасин, еден од двајцата преговарачи кои рускиот претседател Владимир Путин ги испраќа во Саудиска Арабија.

– Се надеваме дека ќе постигнеме барем одреден напредок. Размислувањето на Сергеј Орестович Беседа (вториот преговарач) и моето е борбено и конструктивно, изјави Карасин за државната телевизија Звезда, пред нивното заминување во Саудиска Арабија. 

Советникот на Владимир Путин за надворешни работи Јуриј Ушаков во четвртокот изјави дека Русија ќе ја претставуваат претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Горниот дом на рускиот Парламент, Григориј Карасин и високиот функционер на руските безбедносни служби (ФСБ), Сергеј Беседа.

Ушаков додаде дека станува збор за „искусни преговарачи, многу добро упатени во меѓународните прашања“.

Зачлени се на нашиот е-билтен