Русија претрпе штета од 7 милијарди долари по серијата дрон-напади

Директорот на Украинската безбедносна служба (СБУ), Генерал-полковник Васил Малиук изјави дека Кримскиот мост е легитимна мета.

„На територијата на нашата земја нема место за никакви нелегални руски објекти. Затоа, Кримскиот мост е апсолутно легитимна цел, особено имајќи предвид дека непријателот го користеше како логистичка артерија за снабдување на своите трупи“, наведе Малиук.

СБУ претходно соопшти дека утрово со дронови го нападнала мостот што ги поврзува Русија и Крим. При нападот употребени се 1.100 килограми експлозив, при што се оштетени столбовите под вода. Во текот на денот одекна уште една експлозија на Кримскиот мост.

Ниту Москва ниту Киев официјално не го потврдија нападот врз стратешкиот мост, иако Русија привремено го суспендираше цивилниот поморски сообраќај во водите во близина на Севастопол на Крим.

Кримскиот мост, познат и како Керчен мост, е изграден по руската окупација на Крим во 2014 година и е клучна врска за снабдување и транспорт за руските сили до окупираните делови од Украина. Мостот вреден четири милијарди долари, изграден е како политичка порака за зајакнување на нелегалната анексија на полуостровот од страна на Москва. Кримскиот мост не е поврзан со Русија по копно.

Денешниот напад е трет од почетокот на руската инвазија. Кримскиот мостот претрпе значителна штета за време на двата претходни украински напади во октомври 2022 година и јули 2023 година.

Украинскиот напад врз Кримски мост уследи по вчерашната втора рунда мировни преговори помеѓу Украина и Русија во Истанбул и два дена откако СБУ изврши голема тајна операција под кодно име „Пајакова мрежа“ при што со дронови нападна четири клучни руски военовоздухопловни бази: Белаја во Иркутската област, Олења во Мурманск, Дјагилев во Рјазан и Иваново во истоимената област. Во нападите со беспилотни летала оштетени или уништени се повеќе од 40 руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери со долг дострел Ту-95 и Ту-22М3, како и авион за рано предупредување и надзор А-50. Според СБУ, во нападите врз Русија претрпела штета од седум милијарди долари. Русија претрпела штета од седум милијарди долари.

Зачлени се на нашиот е-билтен