Руска делегација пристигнува на разговори со САД во Истанбул

Дел од договоренот во Ријад што се однесува до возобновување на дипломатските односи меѓу САД и Русија почнува да се реализира.

Руска делегација пристигна во резиденцијата на генералниот конзул на САД во Истанбул на разговори за решавање на билатералните прашања во врска со работењето на амбасадите на двете земји, изјави во четвртокот сведок на Ројтерс.

Американски официјален претставник претходно изјави дека делегацијата на САД ќе ја предводи заменик-помошникот државен секретар Соната Култер, додека руската делегација ќе ја предводи Александар Дарчиев, директор на Северноатлантскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи, а исто така и амбасадор на Русија за САД.

Во делегациите ќе има и претставници од Стејт департментот и од руското Министерство за надворешни работи, како и членови на нивните соодветни амбасади, рече претставникот.

Зачлени се на нашиот е-билтен