„Тоа што ја потпишал одлуката на Владата и што претседавал со седницата на Влада, за тоа Груби на може да одговара, затоа што Владата е кокетивно тело, таму се гласа и се носат одлуките. Во тој дел сметам дека не може тој да сноси одговорност како поединец“, рече поранешната шефица на Обвинителството за организиран кримина во емисија на Телма ТВ.
Таа сепак се огради од други дејствија кои можеби се содржани во кривичната пријава, а за која рече дека не ја има видено, но остава простор дека моеже да има некој други десјтвија поврзани со директорот на Лотарија, но категорична е Рускоска дека за одлука на Влада не може да одговара.
Драган Малиновски поранешен член на ДКСК, се сложува дека треба да се има предвид фактот дека членовите на Владата уживаат имунитет како и пратениците во собранието. и тоа е регулирано со закон за Влада.
„Тоа е т.н. функционелн имунитет и го штити од прогон за искажано мислење, за донесена одлука. Но таа сепак треба да биде во рамки на дозволеното. Тој имунитет не е апсолутен вели Малиновски. Ако некој како член на влада или повеќемина како членови на Влада донесат одлука која е базирана на коруптивна основа, а за што мора да има докази, тогаш имунитетот не ве штити, секој одговара.“