За мене е апсолутно јасно дека САД се целосно посветени на НАТО и на член 5 од Договорот за Алијансата, на сепак имаат очекувања дека Канаѓаните и Европејците ќе ги зголемат своите трошоци за одбраната, изјави денеска генералниот секретар на НАТО при пристигнувањето на Самиот на Пактот во Хаг.
– Чесно е да трошиме, исто колку што трошат и САД, рече Руте, додавајќи дека сојузниците треба да се осигурат дека ќе можат да се одбранат „од Русите и другите“.
Тој потенцира дека во услови на долгорочна закана од Русија, масовното зголемување на кинескиот воен потенцијал и поддршката на Кина, Северна Кореја и Иран на руските воени напори во Украина, навистина е важно членките на НАТО да трошат повеќе за одбраната.
– Тоа ќе биде главната агенда денес – нов план кога станува збор за трошоците и за зајакнување на одбранбеното индустриско производство, рече Руте.