Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте им предложи на членките на Алијансата да ја зголемат потрошувачката за одбрана на 3,5 отсто од БДП и да издвојат дополнителни 1,5 отсто за поширока потрошувачка поврзана со безбедноста, со цел да се исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп членките на воениот сојуз да издвојуваат пет отсто од БДП за одбрана.
Доброинформирани официјални лица за некои светски агенции рекле дека пошироката потрошувачка поврзана со безбедноста може да ги вклучи трошоците за надградба на патишта и мостови за поддршка на транспортот на тешки воени возила.
Во моментов, целта е членките на НАТО да издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбрана.