Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ги повика членките на алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана над заедничката цел од 2 отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП), поставена пред една деценија и сега се смета за премногу низок поради новите предизвици.
Руте ова го објави на прес-конференција со португалскиот премиер Луис Монтенегро во Лисабон.
„Знаеме дека целта од 2 отсто поставена пред една деценија нема да биде доволна сега за да се одговори на предизвиците на утрешниот ден“, рече Рите.
„Меѓутоа, за да го одржиме НАТО силен, ние мора да продолжиме да се прилагодуваме и да ја обезбедиме нашата безбедност во иднина, мора да ги зголемиме нашите напори сега. Ова исто така значи дека мора да трошиме повеќе за нашата одбрана“, додаде тој.