Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руте: Зеленски неправедно го критикува Шолц

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека острите критики што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги упати кон германскиот канцелар Олаф Шолц се „неправедни“, објавија денеска германските медиуми.

Иако Германија е сигурен сојузник на Украина, неподготвеноста на официјален Берлин да и испрати на Украина крстаречки ракети со долг дострел „Таурус“ беше причина за незадоволство во Киев.

-Често му кажував на Зеленски дека треба да престане да го критикува Олаф Шолц, бидејќи мислам дека тоа е неправедно“, рече Руте, додавајќи дека тој, за разлика од Шолц, ќе ја снабдува Украина со крстосувачки ракети „Таурус“ и нема да поставува ограничувања за нивната употреба

Зачлени се на нашиот е-билтен