САД, Австралија и Велика Британија воведоа санкции против рускиот хостинг провајдер „ Zservers “ и двајца негови оператори кои вршеле хакерски напади со злонамерни програми, соопштија денеска од Стејт департментот.
Со помош на провајдерот кибер криминалци добивале пристап до специјализирани сервери и друга компјутерска инфраструктура дизајнирана да се брани од акциите на безбедносните служби.
-Русија и понатаму дава безбедно засолниште за кибер криминалците. Некои групи таму можат слободно да подржуваат и вршат напади со злонамерни програми врз цели во Соединетите Држави и кај нивните сојузници и партнери. Денешните мерки укажуваат дека Соединетите Држави и нашите меѓународни партнери се посветени на борбата против кибер криминалот и ги поткопување на мрежите што овозможуваат нашите граѓани да станат цел на нападите на кибер криминалци, се вели во соопштението на портпаролката Тами Брус.
Се додава дека САД продолжуваат да се борат против активностите на овие групи „кои ги загрозуваат нашите економии и критичната инфраструктура“.