САД и Германија создаваат заедничко претпријатие за производство на Патриот и ХИМАРС во Европа

Воено-индустрискиот гигант „Локид Мартин“ (Lockheed Martin) и германската компанија „Рајнметал“ (Rheinmetall) создаваат заедничко претпријатие во Европа за производство на американски ракети, јавија денеска дел од западните медиуми.

Новиот погон ќе произведува ракети ATACMS и GMLRS со дострел до 300 и 150 километри, наменети за системите HIMARS и M270 MLRS, ракети Hellfire и JAGM за беспилотни летала и авиони, како и ракети PAC-3 за противвоздушната одбрана Patriot.

Армин Папергер, извршен директор на „Рајнметал“, изјави дека германската компанија ќе има 60 отсто сопственост во претпријатието, чија изградба зависи од давање зелено светсло од американската влада. Производствената линија се очекува да биде функционална за 12 до 13 месеци, со планиран капацитет од 10.000 ракети и исто толку мотори годишно.

Водечките светски производители на оружје ја разгледувале идејата за создавање на заедничко претпријатие за време на Минхенската безбедносна конференција.

За реализација на проектот се планира склучување на петгодишни договори со производители на електронски компоненти, и со значителен аванс, изјави Папергер.

Во моментот се воспоставуваат ланци за снабдување потребни за производството на раккетите и системите.

Првичниот промет се проценува на 1 до 2 милијарди евра, а целосниот доход на 5 милијарди евра, со оглед на побарувачката: 600–800 ATACMS, 2.500 GMLRS, 5.000 Hellfire, 5.200 JAGM и 300 PAC-3 ракети годишно. Првото производство на мотори се очекува во 2026 година, а ракети во 2027 година.

Според Папергер, создавањето европски „центар за ракетна компетенција“ е одговор на недостигот на капацитет во САД и на долгите рокови за испорака. Производството ќе биде целосно интегрирано во Европа, а интелектуалната сопственост ќе остане на европската страна.

„Локид Мартин“ потврди дека работи со европски сојузници за идентификација на нови производствени можности за да се задоволи глобалната побарувачка за американска муниција и прецизни ударни системи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен