Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД извршија пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III

САД извршија пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III, без боева глава, соопштија денеска од „Ванденберг“, база на вселенските сили на САД.

Тестирањето се одржа откако американска и руска делегација вчера во Ријад одржаа средба за започнување преговори за крај на војната во Украина. Ракетата има капацитет да гаѓа цели во Русија.

Вршителот на должноста министер за Воено воздухопловство на САД, Гери Ешворт, истакна дека ова лансирање претставува дел од демонстрацијата за подготвеноста, прецизноста и професионализмот на американските нуклеарни сили. Според него, вежбата исто така ја потврдува смртоносноста и ефикасноста на системот за нуклеарно одвраќање на САД. При лансирањето, војската собра податоци за перформансите, точноста, сигурноста и другите карактеристики на ракетниот систем, со цел да се оцени неговата моментална состојба и да се утврдат можности за модернизација, додадоа од „Ванденберг“.

Ден пред тестирањето, на 18 февруари, во главниот град на Саудиска Арабија се одржаа првите директни преговори меѓу делегациите на САД и Русија по почетокот на војната во Украина. Меѓу учесниците на средбата беа државниот секретар на САД, Марко Рубио, и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Страните разговараа за можните начини за прекин на војната и подобрување на билатералните односи. Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, кој присуствуваше на преговорите, сепак забележа дека засега е рано да се зборува за значително приближување на ставовите на двете земји.

Базата „Вандерберг“ се наоѓа во близина на Санта Барбара, сојузна држава Калифорнија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен