Американски претставници предупредуваат дека Русија наскоро би можела да лансира втора суперсонична балистичка ракета во Украина.
Сепак, американските претставници не веруваат дека ракетите „Орешник“ можат значително да ја променат ситуациајта во војната.
Првата ракета „Орешник“ беше лансирана на 21 ноември врз украинскиот град Дњепар, што според рускиот претседател Владимир Путин беше одговор на украинските напади на руска територија со американски и британски ракети со долг дострел.
Путин изјави дека Русија би можела повторно да го употреби „Орешник“.
„Проценуваме дека ‘Орешник’ не е нешто што значително ќе ја промени ситуацијата на бојното поле, туку е само уште еден обид на Русија да ја тероризира Украина, што нема да успее“, вели американскиот претставник.