Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД со осуда за рускиот напад на Киев во кој беше оштетена и македонската амбасада

Откако Русија со балистичка ракета уби едно лице и ја оштети зградата во која која се наоѓаат неколку дипломатски мисии, вклучувајќи ги оние на Албанија, Аргентина, Чешка, Црна Гора, Северна Македонија и Португалија, Стејт департмент на САД испрати порака со осуда за нападот.

„Неприфатливи се какви и да било напади врз дипломати или дипломатски објекти насекаде низ светот. Ја потсетуваме Русија дека има обврски согласно меѓународното право, вклучувајќи ја и Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства против меѓународно заштитени лица“, напиша портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Информацијата дека зградата во која се наоѓа македонската амбасада во Киев била погодена синоќа ја потврди и нашето МНР.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, пишува во соопштението на МНР. 

Зачлени се на нашиот е-билтен