Доменот .mk станува достапен само за физички лица од земјава, откако МАРНет го промени Правилникот за организацијата и управувањето со врвните национални интернет домени и забрани купување на .mk домен од странци.
Сега македонски домен ќе може да купат сите физички и правни лица со живеалиште или престојувалиште во Македонија, а доколку странско правно лице сака да купи .mk домен ќе треба да бидат идентификувани преку регистар од својата држава.
Во промените исто така се воведува и задолжителна обврска за доменот да има најмалку два знаци, наместо досега еден, освен кога станува збор за заштитена трговска марка, жиг или бренд.
„Соочувајќи со се почести предизвици кои бараат внимателно, но и брзо реагирање за да се надминат, како и брзите и чести промени во интернет просторот, се наметна потребата од донесување на нов Правилник. Со него ќе биде допрецизирана и доуредена пред се постапката за регистрација на домени особено од аспект на сајбер безбедност, а се во насока на намалување на можноста на се почестата злоупотреба на регистрираните имиња на домени како и намалување на можноста за регистрација на малициозни национални интернет домени“, посочува претседателот на Управниот одбор на МАРНет Иван Чорбев за Радио МОФ.
Според него, со новиот правилник се намалува можност непостоечки лица да бидат регистранти на домен во земјава.