СДСМ бара Клековски, Таравари и Стојковски да поднесат оставки

Од СДСМ денеска преку соопштение велат дека десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен.

Како што велат, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија.

„Наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови власта ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да обезбеди системско решавање на недостатокот на лекови.

За хуманитатната катастрофа на Онкологија и голготата низ која поминуваат пацинетите мора да има одговорност од оние кои не управуваат со Клиниката и со здравството а не презеле мерки да се обезбедат лекови на време.

Бараме директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен