СДСМ бара оставки од Тошковски и Јанев по апсењето на полициските началници: „Време е за одговорност, време е за оставки“

СДСМ вечерва упати остар повик до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, да си поднесат оставки по апсењето на полицајци и полициски функционери во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.

Партијата обвинува дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ четири месеци се обидувала да ја прикрие вистината и одговорноста за трагедијата.

„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.“

Зачлени се на нашиот е-билтен