Социјалдемократите му порачаа на Бране Петрушевски, дека тој не знае ништо друго да прави, освен да држи прес-конференции и да глуми опозиција и дека треба да знае дека сите судии кои денес се дел од судскиот систем се од „тефтерчињата“ на неговите партиски поранешни функционери.
„Петрушевски треба исто така, да ѝ каже на јавноста дека токму ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ, донесе закон со кој се намалија казните. Добро познатиот Михајло Маневски го донесе тој закон. Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба да молчи и да не глуми загрижена опозициска партија. За речиси цела година, колку што се на власт, од реформи во судството досега успеаја само да изберат сопруга на нивен градоначалник во Судскиот совет и баџанак на нивниот партнер Изет Меџити за судија. Тоа се реформите на ВМРО-ДПМНЕ во судството“, велат од СДСМ.
Според СДСМ, цела година Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту една реформа и немаат донесено ниеден реформски закон.
„Цела година Петрушевски само држи партиски прес-конференции, се заканува од говорница, а неговата Влада нема реализирано ништо по ова прашање. СДСМ и Филипче се први кои побара реформи во судството и први понудија поддршка за носење реформски закони за европско судство. Очигледно, само Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат интерес за промени, бидејќи им одговара темата за да држат партиски прес-конференции. За крај, Бране Петрушевски треба да одговори: како тоа прво не им одговараше јавниот обвинител и обвинуваа дека бил човек на СДСМ, а сега одеднаш им одговара? Како тоа Мицкоски беседеше и се закануваше дека ќе ги распушти сите судски институции, а потоа се повлече“, велат од СДСМ?
Тие побараа Бране Петрушевски конкретно да одговори на овие важни прашања и му поарчаа дека конечно стреба да сфати дека се на власт и дека пред себе имаат јасна агенда за реформи – која не ја спроведуваат.