СДСМ: Џабе се фали Мицкоски, граѓаните знаат дека странските инвестиции во 2024 се 90% реализирани од СДСМ

Опозициската партија СДСМ, реагира на секојдневното убедување на граѓаните од премиерот Христијан Мицкоски, дека неговата влада ги реализирала странските инвестиции.

„Премиерот кој секојдневно се кити со туѓи перја, кој не престана да фрла лопати на проекти и инвестиции реализирани од СДСМ, денес се обидува повторно да си присвои заслуги кои не се негови“, велат во СДСМ.

Инвестициите во 2024 се резултат на работата на СДСМ и 90% од нив се целосно реализирани или договрени до фаза на реализација од СДСМ. ‘Срамота е да се фали Мицкоски со нешто што не е негова заслуга, но тоа е одлика на оние кои освен манипулации немаат што да понудат’.

„Единствена заслуга на Мицкоски во економијата е осиромашувањето на граѓаните, неспособноста да се справи со цените и инфлацијата која расте и игнорирањето на барањата за повисоки плати. Економиијата тоне откако Мицкоски ја води државата и тоа е факт кој го чуствуваат сите граѓани. Наместо да глуми обидувајќи се да ги покрие сите скандали, му порачуваме да се одважи и да почне реално да работи за луѓето, не за свои интереси“, велат во СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен