„Касно е признанието на Мицкоски дека Владата му е катастрофа. Штетите што ги направи за неполна година се непоправливи, а иднината на граѓаните и нивниот стандард се уништени“, велат лод СДСМ.
Според социјалдемократите, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за десет месеци, како ураган, ја уништи економијата, го срози стандардот и ги закопа перспективите.
„Сѐ што направија е што се шетаа со приватни авиони и бизнис-класи, јадеа манго и папаја, и ја задолжија државата за три генерации. Не реализираа ниту еден проект, туку сѐ уште отвораат инвестиции на СДСМ и се сликаат гордо пред успесите на минатата влада. Мицкоски не е ни свесен каков гнев и незадоволство постои меѓу граѓаните од неговите политики, а изненадувањето ќе го дочека на изборите. Разбирливо е дека ќе мора да ги убедува граѓаните и најавува големи победи, затоа што е свесен дека задоволството од неговата работа паѓа од ден на ден“, порачуваат од СДСМ.