–На конгресот ќе се изберат членови на највисокото партиско раководство, како и одлуки за новите политики во иднина. За сите детали и сите имиња, јавноста ќе биде известена утре – изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која првично ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место дојде Сања Лукаревска. Иако долго време има различни размислувања на Бихаќка дали оваа статутарно предвидена партиска функција да се укине, сепак, соред некои аналитичари тоа нема да се случи и со доаѓањето на Венко Филипче на лидерското место.
Освен заменик-претседател, социјалдемократите на утрешниот Конгрес ќе избираат и Надзорен одбор, кој во текот на следната недела треба да избере нов Извршен одбор, по што ќе следува и избор на потпретседатели, генерален секретар, организациски секретари.
Се очекува на некои важни партиски позиции да има освежување со млади кадри.