Го предупредуваме ВМРО-ДПМНЕ да престане со некрофилски политики да го политизира случајот туку да најде решенија за дивеењето по улиците. Неспособноста на Тошковски да воспостави било каков ред во државата и на улиците резултира со жртви секој ден.
Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се сокријат од јавноста во дупка, се обидуваат да лажат и вината да ја префрлаат на СДСМ. Но фактите и вистината не може да се скријат и еве доказ за тоа.
Судијката Даниела Алексоска Стојановска е избрана токму од ВМРО-ДПМНЕ и излезена од тефтерчето на Јанкулоска. Таа станува судија на 8.2.2012 во екот на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добро знаат како се бираа судиите тогаш и чиј избор е Алексоска Стојаноска.
Понатаму, страшно и жално е да се злоупотребува овој настан од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога самите добро знаат дека како судијката, така и таткото на оној кој ја прегази Фросина се блиски до нивната партија.
СДСМ нема да продолжи да игра на оваа карта.
ВМРО-ДПМНЕ нека си направи ревизија на самата себе, бидејќи извор на сите проблеми со безбедноста на улиците, со неправди и скандали се токму тие.