Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Лицемерието на Мицкоски на виделина, ги украде мерките за замрзнување на маржите, кои како опозиционер силно ги критикуваше

„Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше“, пишува во соопштението на СДСМ упатено до јавноста. Од таму велат дека со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените. Додаваат дека ‘се ова е многу доцна бидејќи милиони евра се веќе украдени од граѓаните. Таа кражба беше овозможена токму од Мицкоски и сега е доцна да ги признава сопствените порази’.

ВМРО-ДПМНЕ на 10.3.2022 година, пишуваше: “Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не даваат ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата“.

Од СДСМ, велат дека ова е уште една потврда дека ‘лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не е новина во политиката, тие се по тоа познати, но свесното осиромашување на граѓаните цели осум месеци е грев’.

„СДСМ со месеци апелираше и нудеше решенија. За жал и оваа мерка која Мицкоски ја ископира од СДСМ е парцијална и нема да даде целосно резултат. Ако се земе предвид дека платите не растат, дека цените веќе се дозволи да се качат превисоко ова нема да биде ниту благо санирање на огрмните штети по семејните буџети на македонските семејства“.

Владата денеска на седница донесе одлука до крајот на април да се ограничат маржите во трговијата – и на мало и на големо, на десет проценти. Во меѓувреме, маркетите, по препорака на Владата, треба да пристапат кон подготовки за транспарентно објавување на цените и нивно ажурирање на дневна основа.

Зачлени се на нашиот е-билтен