СДСМ: Оддалеку смрди на корупција-за тендерот во МВР од 4 милиони евра за кој ОЈО и ДКСК мора да го истражат

Од СДСМ прашуваат како е можно фирма основана 20 дена пред распишување на тендер, без седиште, вработени, без искуство, без капацитет, баш таква фирма да добие тендер вреден 4 милиони евра?

„Освен со корупција, бизнис врски и лични интереси понинаку дали е возможно? Кога фантомски фирми добиваат милионски бизниси тоа е основа за системска корупција во врвот на власта. Смрди на корупција. И тоа во институција којашто треба да се бори против корупцијата а не да биде извор. За скандалозниот тендер во МВР институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности“, велат во СДСМ .

СДСМ порачува ‘Панче Тошковски е фатен жив’.

„Оновното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција мора да постапат и да го заштитат јавниот интерес, да ја обезбедат правдата а скандалозниот тендер мора да биде поништен. СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен