Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Таравари се слика низ Вашингтон, а овде пациентите страдаат

СДСМ изразува сериозна загриженост за катастрофалната состојба на Клиниката за онкологија во Скопје, каде што пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостаток на животно потребни лекови, недостаток на здравствен кадар и елементарни услови за лекување. Оваа состојба е резултат на неспособноста и негрижата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот Таравари кој се шета по Вашингтон и си објавува слики додека пациентите страдаат. Недостатокот од лекови, недостигот од кадар и очигледната негрижа за потребите на пациентите се директен показател за уништувањето на здравствениот систем под раководството на оваа влада, тврдат од СДСМ.

„Нивните ветувања за реформи и подобрување на здравството се покажаа уште една празна лага. Додека владините функционери трошат народни пари за луксуз, мебел, коли и замислуваат нови авиони за мининистрите македонските граѓани плаќаат со најскапото – своето здравје. СДСМ бара итна реакција за набавка на неопходните лекови и зголемување на бројот на здравствен кадар на Онкологија. Здравјето на граѓаните не смее да биде жртва на неспособноста и негрижата на оваа власт“, велат од партијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен