Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Власта спроведува опасна и брутална партизација на безбедносните служби

Додека се бркаат луѓе од работа, се прават партиски чистки се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции во безбедносните институции, изјави Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

– Еклатантен пример е Агенцијата за национална безбедност. Наместо професионалец власта поставува претседател на Градскиот комитет за директор на АНБ, којшто е прашање дали ги исполнува законските услови да биде на оваа позиција. Додека јавноста чека разрешница за лажните сертификати за познавање англиски јазик се отвори и прашањето дали и факултетската диплома на Христовски е соодветна.

Советот за граѓански надзор на комуникациите, тело кое треба да спречува злоупотреба на следењето на комуникациите, е пред сериозна опасност да стане параван за нови злоупотреби. Исто како оние кои ја потресоа Македонија за време на режимот на Груевски со прислушување на 20.000 граѓаните. Наместо да биде составено од компетентни и непартиски експерти, ВМРО-ДПМНЕ го претвора Советот во инструмент на партиска контрола на комуникации и прислушување.

Советот за граѓански надзор на комуникациите, замислен како независен механизам за заштита на граѓанските права, сега станува играчка во рацете ВМРО-ДПМНЕ и алатка за нови злоупотребени. Ова е сериозен удар врз демократијата и ја покажува намерата на ДПМНЕ за повторно заробување на институциите и враќање на земјата во мрачните времиња на режимот.

Зачлени се на нашиот е-билтен