Жално што сегашната Влада реши да ги повлече пакетот закони од областа на образование кои веќе беа влезени во собраниска процедура на почетокот на 2024 година, го поминаа првиот филтер на комисијатана, на кој се донесе и заклучок за организирање на јавна расправа.
Она што го добивме како текст на законите е уназадување на предлог решенијата, одземање на правото на глас на средношколците, озаконување на дискриминацијата, враќање назад на процесот на инклузија во образованието, вклучително и на децата со попреченост.
Со тоа ја исклучија јавноста и стручната фела да ги искажат своите мислења и аргументи. Токму затоа сосема очекувана беше реакцијата од стрчуната фела како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Институтот по педагогија при УКИМ и граѓанските организации кои се занимаваат со оваа проблематика.
Во Законот за средно образование отсуствува можноста за организирање на средношколците на национално ниво што значи давање глас во одлуките кои ги засегаат. Ова значи враќање на режимското време од кое се роди средношколскиот пленум.
На кого му смета гласот на средношколците, прашуваат од СДСМ.