Сe шири паника во Европа и регионот: Се вратија мали сипаници, за се е „виновна“ пандемијата на коронавирус, а лек нема! 

Бројот на случаи на мали сипаници се удвоил во 2024 година и е највисок во последните 25 години, објавија Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, повикувајќи на мерки за зголемување на стапката на вакцинација што падна за време на пандемијата Ковид-19. 

Децата под пет години сочинуваат повеќе од 40 отсто од 127.350 случаи пријавени минатата година во регионот, кој вклучува 53 земји во Европа и Централна Азија, се вели во соопштението на СЗО. „Сипаниците се вратија и тоа е повик за будење“, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа. Исполнети се условите за прогласување епидемија на морбили: Експертите посочуваат дека го немаме потребното опфатување со МРП вакцина сипаници.

По падот на опфатот со имунизација за време на пандемијата СОВИД-19, бројот на случаи повторно значително се зголеми во 2023 и 2024 година. Стапките на вакцинација во многу земји допрва треба да се вратат на нивоата пред пандемијата – додаде СЗО. 

Според СЗО, сипаниците се еден од најзаразните вируси за луѓето. Инфекциите може да предизвикаат компликации вклучувајќи пневмонија, енцефалитис и дехидрација, а исто така и да ја оштетат одбранбената меморија на имунолошкиот систем. 

СЗО соопшти дека во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Романија, помалку од 80 отсто од подобните деца ја примиле првата доза на вакцина против сипаници во 2023 година – далеку под стапката на покриеност од 95 отсто потребна за да се спречи појава на епидемија. 

Не постои лек за мали сипаници, но некои симптоми, како што се треска и болки во мускулите, може да се ублажат со парацетамол.

Зачлени се на нашиот е-билтен