Граѓаните на Кочани денеска во Градскиот парк, со почеток во 15 часот ги започнаа мирните протести, кои како што е најавено ќе продолжат и во наредните денови. Со протестите се бара одговорност за трагедијата во дискотеката Пулс која ги одзеде животите на 59 млади и невини луѓе, а над 160 се повредени.

Протестот е најавен на социјалните мрежи.

За понеделник иницијативата „Кој е следен“ исто преку социјалните мрежи најавува протести кои ќе се оддржат на плоштадот Македонија.