Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Седница на ИО на СДСМ: ДПМНЕ го потцени работничкиот труд, сака зголемување на работниот век на 67 години

Зголемувањето на старосната граница за заминување во пензија на 67 години претставува директен удар врз работниците, нивното достоинството и труд. Затоа остро се спротивставува на предлогот старосната граница да биде зголемена. Ова е само еден дел од заклучоците кои новиот Извршен одбор на СДСМ ги донесе на вечерашната седница. Од таму порачуваат дека наместо продолжување на работниот век, потребни се итни мерки за подобрување на животниот стандард и создавање перспективи за сите граѓани со праведна и одржлива пензиска политика.

„Станува збор за продолжување на погрешните политики за систематско потценување и експлоатација на трудот на граѓаните и работниците од страна на Владата предводена од ДПМНЕ. Наместо да обезбедат покачување на платите и подобри услови за работниците, власта сака на мала врата да протне мерки кои ќе ги примораат работниците да работат подолго само за да се финансираат трошоците од нивните популистички потези. Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата“, оцени ИО на СДСМ.

Од таму велат дека приоритет на СДСМ е заштита на интересите на работниците и обезбедување услови за достоинствен живот.

„Политиките на СДСМ во изминатите години го стабилизираa Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и значително ја намали финансиската дупка, дефицитот од 43% се намали на 33%. Сега ДПМНЕ спроведува погрешни политики со кои ja загрозува одржливоста на Фондот, го зголемува дефицитот“, велат од ИО на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен