Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.
Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, двата по скратена постапка.