Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДУИ ги повлече „стражите на јазикот“

Шаторот пред Уставниот суд, веќе го нема. Интегративците го размонтираа. Но, како што најавија, шаторот повторно ќе никне за три месеци во март, за кога Уставниот суд ја најави подготвителната седница.

Според потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, закажувањето на подготвителни седници е само продолжување на процесот на укинување на Законот за употреба на јазиците.

Партискиот претседател, Али Ахмети, рече дека Уставниот суд треба да ги отфри иницијативите.

Од Вреди пак велат дека денес е само обичен ден, ништо не се случи и нема да дозволат деградација на албанскиот јазик. 

Законот за употреба на јазиците, беше прва точка на дневниот ред на седницата. Дискусија имаше, но за одлука дали целиот Закон или делови од него се уставни или неуставни и ќе се укинат, ќе се почека неколку месеци.

Со пет гласа „за“ и еден „против“Уставнито суд одлучи прво да одржи подготвителна седница на која ќе бидат повикани странки – и оние што го оспоруваат Законот и оние што го поддржуваат, но пред се експерти. Откако уставните судии ќе ги слушнат мислењата, ќе го стават Законот на дневен ред па ќе одлучуваат.

Претседателот на судот, Дарко Костадиновски, по седницата рече дека не сака денешната одлука да биде разбрана како слабост или подлегнување кон нешто туку како врвен чин на одговорен пристап и највисока почит и должност кон граѓаните кои не треба да се дозволи „да бидат манипулирани и лажени од политичарите“.

„Дека се доведувало во прашање правото на користење на албанскиот јазик. Лага, иста лага слушнавме и кога ги носевме одлуките за т.н. балансер. Тие се уставна категорија, ние не цениме уставност на Устав, тие се таму, нив ги чуваме. Сосема е друго прашањето нивната операционализација, како тие се операционализираат со законски и подзаконски акти. И во предметот со балансерот и во овој, ние не го задираме тоа право туку како тоа се операционализира“, рече Костадиновски.

Зачлени се на нашиот е-билтен