Mинистерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Во фокусот на разговорите со својот домаќин Тимчо Муцунски, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена.
Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028.
Меморандумот, како што соопштија од МНРиНТ, ќе биде потпишан од министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.