Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шест дена по ред, велешани се соочуваат со висока загаденост на воздухот

Во изминатите шест дена концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот во Велес покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од Државниот автоматски мониторинг за квалитет на воздух на Министерството за живитна средина и просторно планирање, кои се регистрираат на единствената мерна станица во Велес поставена  во новиот дел од градот во населбата Тунел во дворот на детската градинка.

Граѓаните на Велес се револтирани што не се мерат концентрациите и во стариот дел од градот, каде сметаат дека има уште поголемо загадување. Тие со години бараат да им се врати мерната станица „Велес 2“ која беше лоцирана кај Топилницата, а која по нејзиното затворање беше преселена во Струмица. Граѓаните на Велес забележуваат и што единствената мерна станица во градот не ги регистрира концентрациите на уште поопасните по здравјето ПМ 2,5 честички.

Денеска во новиот дел на градот концентрациите на ПМ 10 честичките се скоро двојно повисоки и изнесуваат 97 мг/м3 воздух. Инаку, во изминатите денови овие вредности се движат од 67,50 мг/м3 до 84,57 мг/м3 воздух.

Граѓаните се жалат на проблеми со отежнато дишење  поради загадениот воздух поради што е нарушено нивното здравје. Дел од граѓаните посебно повозрасните носат заштитни маски.

Зачлени се на нашиот е-билтен