Премиерот на Украина, Денис Шмигал, на заедничка прес-конференција со неговиот фински колега Петери Орпо во Киев, се заблагодари за помошта и „непоколебливата солидарност“ од Хелсинки за Киев.
Финска ѝ обезбеди на Украина повеќе од 2,7 милијарди евра воена помош, околу 90 милиони евра финансиска поддршка и приближно 816 милиони евра хуманитарна помош од почетокот на руска инвазија, изјави Шмигал.
Високо цениме сè што владата и народот на Финска направија за нашата стабилност и победа. Ова вклучува повеќе од 2,7 милијарди евра воена помош, околу 90 милиони евра финансиска поддршка и околу 816 милиони евра хуманитарна помош, истакна Шмигал.
Тој додаде дека Финска, исто така, ѝ обезбедила на Украина енергетска опрема, трансформатори, генератори и електрични мотори, а ги поддржала и напорите на земјата за деминирање со осум милиони евра.
Шмигал ѝ се заблагодари на Финска за 28-те пакети за одбранбена помош, како и за нејзината доследност во однос на политиката на санкции.