Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шпанија за консултански и инженерски услуги даде милион евра грант за Охридското Езеро

 Владата на Кралството Шпанија  дала техничка помош со грант од приближно еден милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што информираат од МЖСПП ресорниот министер Изет Меџити денеска на состанокот го информирал амбасадорот Рафаел Соријано Ортиз, за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.

„Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани“, се наведува во соопштението. 

Зачлени се на нашиот е-билтен