Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека идејата за европска армија не претставува реална алтернатива на НАТО, јави ДПА.
– Треба да бидеме благодарни на НАТО за многу нешта. Мојот совет е да не бараме одговори во неостварливи алтернативи. Европската армија е идеја, но не и реална замена за безбедноста што ја обезбедува НАТО, рече Штајнмаер при посетата на воен штаб во Кобленц, западна Германија.
Тој додаде дека Германија треба да го зголеми својот придонес кон западниот одбранбен сојуз во следните години.