Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет  

Штитеник на дом за стари лица во градот Дентергем во западниот дел на белгискиот регион Фландрија со нож нападна тројца свои состанари, убивајќи двајца од нив и нанесувајќи му сериозни повреди на трет. 

Градоначалникот на Дентергем, Кунрад Дегроуте, кој утрово го посети домот, изјави дека при овој „шокантен настан“, две лица починале на самото место, додека третото е во критична состојба и е преносно во болница. 

Како што јави белгиската државна телевизија ВРТ случајот бил забележан од негувателите во домот во текот на ноќта, кои веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош. 

Осомничениот напаѓач, чиј идентитет не е соопштен, е приведен во полициска станица, а на местото на настанот увид вршат форензички тимови. 

Мотивите за нападот засега не се познати.

Зачлени се на нашиот е-билтен