Што ја чека Сирија по падот на Башар ал Асад: Ќе биде тешко да се ослободи од Русија и Иран

Сирија е длабоко поделена географски и социјално и постои голема опасност од граѓанска војна. По 54 години, бруталното владеење на династијата Асад, заврши. 

Падот се славеше со голема прослава на улиците на Дамаск. Претседателот на Сирија, Башар Ал Асад, со авион ја напушти земјата со која управуваше 24 години и по повеќедецениското владеење на неговиот татко.

Сирија е длабоко поделена, географски и социјално. Воените аналитичари сметаат дека ова е момент на голема опасност.

Тие предупредуваат дека кога еуфоријата ќе се стивне, ќе има длабока омраза и гнев кон поранешните лојалисти на Асад кои со децении убиствено владеле.

Не се знае кој владее со Сирија.

Повеќе бунтовнички групи контролираат различни делови од земјата. Сите тие ќе сакаат да го зграпчат својот дел од моќта. Тоа е рецептот за понатамошна граѓанска војна, освен ако не може да се управува на уреден начин.

Сирискиот премиер Мохамад Гази ал Џалали остана во Дамаск и понуди мирна транзиција. Добар показател ќе биде начинот на кој се однесува кон него. Бунтовниците го однеле премиерот во хотелот „Четири сезони“ и сè снимиле со камери.

Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), главната група што го започна овој бунт со заземањето на Алепо, во минатото беше поврзана со Ал Каеда. Групата се откажаа од тие врски, но остана забранета терористичка организација од САД и другите.

Русија и Иран, двата главни државни спонзори на Асад, го напуштија кога неговата судбина изгледаше неизбежна. Сепак, овие две земји, нема така лесно да ја напуштат Сирија. Имено, Москва има клучни воени бази на брегот на Средоземното Море, што им отвора дел од светот – откажувањето од нив би било огромен стратешки удар.

За Иран, Сирија беше централниот дел на нејзината оска на отпор, инка преку која се канализираше оружјето до Хезболах и витална територија во нејзиниот лак на влијание.

Но, Асад и Хезболах сега пропаднаа, а иранската мрежа на шиитско влијание е во распад.

Зачлени се на нашиот е-билтен