Што разговараа Путин и Трамп: Русија нема да се откаже од своите цели во решавањето на причините за украинскиот конфликт!

Разговорот меѓу двајцата лидери траеше речиси еден час, а американскиот претседател повторно го покрена прашањето за што поскоро прекинување на воените операции во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за претстојниот Ден на независноста на САД, објави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, кој изјави дека телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери штотуку завршил.

Како што објави Ушаков, претседателот на Русија ја нагласи подготвеноста на Москва да го продолжи процесот на преговори со Украина.

Русија нема да се откаже од своите цели во решавањето на причините за украинскиот конфликт, му рече Путин на Трамп.

„Путин му рече на Трамп дека Русија продолжува да бара преговарачко решение за украинскиот конфликт. Рускиот лидер го информираше американскиот претседател дека Москва нема да се откаже од елиминирање на сите причини за конфликтот“, ги објави Ушаков деталите од разговорот.

Како што објави Ушаков, „конкретната содржина на евентуалната трета рунда преговори не е разгледана“.

„Но, како што веќе споменав, нашиот претседател изјави дека сме подготвени да го продолжиме процесот на преговори, односно сме подготвени да ја одржиме следната, трета рунда“, рече Ушаков.

Според него, разговорот меѓу двајцата лидери траел речиси еден час, а американскиот претседател повторно го покренал прашањето за што поскоро прекинување на воените операции во Украина.

Темата за прекин на испораките на американско оружје за Украина не беше тема на денешниот разговор меѓу Путин и Трамп“, рече Ушаков.

Путин и Трамп детално ја разгледаа ситуацијата во врска со Иран и Блискиот Исток како целина, рече Ушаков.

Двајцата претседатели се согласија да продолжат со комуникацијата.

„Тие не разговараа за можноста за средба, но таа идеја виси во воздух“, рече Ушаков.

Претседателите разговараа за неколку ветувачки заеднички економски проекти во енергетиката и истражувањето на вселената, но не разгледаа лична средба.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин објави дека ќе одржи телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп во текот на дено

„Денес ќе разговарам со претседателот на САД“, рече Путин за време на посетата на изложбата во рамките на форумот „Силни идеи за нови времиња“.

Тој додаде дека ќе му ги пренесе поздравите од учесниците на форумот на претседателот Трамп.

Путин, напуштајќи ја пленарната сесија на форумот, пред разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, им се извини на учесниците и рече дека му било срам што ги оставил да чекаат.

Зачлени се на нашиот е-билтен