Со предложените измени на Законот за јавни набавки, на Комисијата за финансирање и буџет, ВМРО-ДПМНЕ, прави директен упад во системот на јавни набавки, бидејќи се укинува можноста за јавно објавување на мислењата на Бирото за јавни набавки, а исто така и јавните набавки во самото биро, обинуваат социјалдемократите. Од СДСМ ја отвораат дилемата, ‘зошто ВМРО ДПМНЕ, ги одзема ингеренциите на Бирото и зошто ја укинува транспарентноста за јавните набавки’.
Пратениците на СДСМ на измените на Законот за јавни набавки, поднесоа два амандмани. Со првиот бараат:
„Во членот 1 кој се однесува на член 45 став 1 од Предлог законот за јавните набавки, да се избрише алинеја 6, односно да остане на важност алинејата во постоечкиот закон, каде Бирото ја врши управната контрола, согласно со условите од постајаниот закон.
Со вториот амандман СДСМ бара:
„Во членот 1 кој се однесува на членот 45 став 1 од Предлог законот за јавните набавки да се избрише алинејата 3, со образложение дека Амандманот се поднесува со цел да остане на важност постоечката алинеја од законот каде во надлежности на Бирото, во алинејата 3, е предвидено да дава мислења во врска со одредбите и примената на овој закон и ги прави достапини до јавноста на неговата вебстрана. Истиот се поднесува за поголема транспарентност и отчетност кон јавноста“.
Во измените на Законот за јавни набавки, предлагачите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов, Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Драгана Бојковска, Зоранчо Јованчев, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов го предлагаат следново:
-Во алинејата 3 зборовите: „и ги прави достапни до јавноста на неговата вебстраница“ се бришат.
-Во алинејата 6 зборовите: „управна контрола“ се заменуваат со зборовите: „административна проверка“.
-Во алинејата 7 зборовите: „за внатрешната организација на Бирото за јавни набавки при вршење управна контрола при“ се заменуваат со зборовите: „за вршење административна проверка на“…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска на прес конференција појасни дека токму со овие предлози што ги поднесоа 7-та пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, власта сака да ги одземе ингеренциите на Бирото за јавните набавки и да ја укине одредбата за транспарентност.
„Нема потреба веќе ниту за докажување на стручноста, познавањето на странските јазици, за лицата кои ќе бидат членови на државната Комисија за жалби по јавни набавки. Впрочем се укинуваат две суштински работи, едната е укинување на управната контрола, единствениот механизам за контрола на јавните набавки од поголем обем, за стоки и услуги и за работи во државата. Се воведува „административна проверка“ наместо „упрвна контрола“. Второ, се укинува можноста за јавно објавување на мислењата на Бирото за јавни набавки и исто така и јавните набавки во самото Биро. Да не зборувам за зголемување на бројот на членовите, начинот на нивно разрешување и докажвањето на познавањата“, вели Битиќи.
Пратениците на СДСМ, бараат јавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Закаонот за јавни набавки, кои го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, по скратена постапка.
„Според член 152 од Деловникот на Собранието поднесовме до претседателот на Собранието и барање за јавна дискусија по основ на Законот за јавни набавки и чекаме претседателот соодветно на првата пленарна седница нашето барање да го стави на усвојување. Се надевам дека мнозинството ќе овозможи јавна расправа, јавна дискусија и ова да биде начин дека гласот на експертите, на стручната јавност, на невладините организации но и на опозицијата треба да бидат добредојдени, да има расправа“, рече Битиќи.
Битиќи вели дека во 2019 година, Собранието го донесе Законот за јавни набавки, со гласовите на сите пратеници, без ниту еден глас против. Законот е целосно усогласен со ЕУ легислативата.
Првиот дел од кредитот во износ од половина милијард евра помина на владина седница пред околу два месеци. Пред два дена на владина седница помина и одлуката за вториот дел од унгарскиот заем во износ од 500 милиони евра, со што Владата на Мицкоски ја задолжи државата за една милјарда евра. Според експертите ова е загрижувачки потег, затоа што потсетува на едно лошо искуство со познатата „Милијардата од Тајван“ и пеналите што ги плаќаше државата пред повеќе од две децении.