Претседателката Сиљановска-Давкова, до Собранието го достави предлогот за гувернер на Народната банка. Таа за прв човек на оваа институција го предлага ексминистерот за финансии, Трајко Славески, актуелен претседавач со Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка. При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“.