Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силувачите, злоставувачите и подведувачите на 14 годишното девојче од Велес, побегнаа од камерите за јавноста да не им го види лицето

Силувачите, злоставувачите и подведувачите на 14 годишното девојче од Велес, на возраст од 20 до 32 години, денеска пред да им биде изречена казната, ја напуштија судницата, за да не може јавноста да им ги види лицата. Потоа се вратија во судницата за да ја слушнат песудата.

Скопскиот кривичен суд 13. обвинети од велешката група за случајот со злоставувањето на 15. годишната малолетничка од Велес им изрече пресуда со која ги потврди кривичните дела за која се товареа за трговија со малолетно дете, силување и прикажување порнографски материјал на малолетник. Првобвинетиот доби 5 и пол години завтор, четворица по четири и четири ипол, петмина година и пол, еден година и 3 месеци, а еден условна казна од 2 години затвор.. Воедно, судот на првите 5 осудени лица им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката.

Јавноста беше исклучена во моментот кога судијката Даниела Димовска ги образложуваше дејствијата кои обвинетите ги извршиле врз оштетената девојка.

Адвокатите на дел од обвинетите не се задоволни од пресудата.

Инаку, првично во случајот кој ја потресе земјава, беа вклучени 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството, а 13 беа во притвор, од кои еден од нив во куќен.

Скандалот, според обвинителството, траел од декември 2021 и продолжил и во 2022 година.

Според обвинителството, забавите се случувале во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето.

Судскиот процес траеше околу десет месеци процес и се одвиваше зад затворени врати,

Зачлени се на нашиот е-билтен