Сирискиот претседател во прва посета на западна земја – средба со Макрон во Елисејската палата

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го пречека својот сириски колега Ахмед ал Шара во Елисејската палата, што е негово прво патување во западна земја откако дојде на власт по падот на Башар ал Асад во декември.

Макрон го пречека привремениот сириски претседател со ракување во дворот на претседателската палата во присуство на гардисти. По средбата, двајцата лидери ќе одржат прес-конференција.

Неколку десетици луѓе од сириските верски малцинства денеска протестираа во Париз против посетата на привремениот сириски претседател.
„Џаулани (поранешното име на Ал Шара) замини! Оди си од Франција, оди си од Сирија!“, извикуваа демонстрантите од алавитската, друзската, христијанската и сунитската заедница, собрани на Плоштадот на Републиката во Париз, веејќи сириски знамиња. 

Зачлени се на нашиот е-билтен