Сириските бунтовници ја презеле државната сириска телевизија во нивниот јуриш кон Дамаск. По преземањето на екраните низ земјата се појави црвен екран со порака дека револуцијата успеала.
„Големата сириска револуција успеа и го собори криминалниот режим на Асад“ пишува со бели букви на црвена позадина.
Бунтовниците соопштија дека Асад ја напуштил земјата, а низ улиците во Дамакс беа соборувани неговите споменици.