Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена.

Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира поради инаетот на Арсовска, Владата, бидејќи е прогласена вонредна состојба, има мерки, има инструменти да го да го реши овој проблем, со тоа што ќе им даде на сите на знаење дека кога станува збор за една витална дејност не може да се поигрува со граѓаните и нивните судбини, нивната неможност да стигнат до своето работно место.

На прашањето од новинарите кои се тие мерки што може да ги примени Владата, со оглед на фактот дека приватните превозници се заканија дека од понеделник ќе ги блокираат улиците доколку дотогаш не се најде решение за нивниот проблем, Славески рече дека во кризна состојба не може да се дозволи блокирање на сообраќајот.

„Доколку дојде до блокирање на улиците, се носат булдожери и се расчистува улицата, како може некој во кризна состојба да блокира улица,“ вели Трајко Славески.

И додаде: „Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена. Може да ви го направи истото што го направи пред две години, да ви ги прекине договорите и да останете на улица – рече Славески.

Зачлени се на нашиот е-билтен