Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претставници на Соборниот храм на верниците им посакаа здравје, мир и единствo

Соборниот храм денеска ги собра верниците кои си посакаа здравје, мир и единствo. Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква,а на верниците им упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов. Во име на поглаварот на МПЦ-ОА посланието го прочита отец Сашко Николовски..

„Возљубени чеда на македонската православна црква. Сите ние како личности како црква и како народ да бидеме благодарни за сите наши дарби бивајќи свесни дека се што имаме е од него, од Господа. Да се почитуваме меѓусебно со даровите кои што светиот дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во Црквата Христова.Милостивиот Бог, преку неговата љубов и неговиот благодет може да ги преобрази нашите стравови и несовршенства во љубов и усовршување во радоста на светиот дух. Од таму неговата жртва започната со неговото рождество по тело и завршена со неговото страдање на голгота ни укажува дека секој човек е достоен за љубов. Синот Божји Господ Исус Христос се даде себеси за сите да не направи вечно живи“, вели отец Сашко Николовски.

„Христос се роди“ одекна во соборниот храм на чествувањето на Божиќната литургија по повод христијанскиот празник – Божиќ.

Покрај граѓаните, на божиќната литургија во Соборниот храм присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова,лидерот на СДСМ Венко Филипче и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов со сопругата.

Рождеството Христово е празник на радоста, утехата и благодарноста. Според Јулијанскиот календар , празнувањето на Христовото раѓање започна денеска, а завршува задутре.

Луѓето се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“ и „Вистина се роди“.

Зачлени се на нашиот е-билтен