Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Собранието ги поддржа пакетот закони за образование Државната химна треба да обединува и зближува а не да поттикнува меѓуетнички поделби

Предлог-законот за средно образование со кој меѓу останото се предвидува интонирање на државната химна во сите државни училишта за време на значајни настани, Собранието го проследи во понатамошна постапка.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска образложувајќи ја потребата од носењето на Предлог-законот, кој се најде на 24 собраниска седница, рече дека односот кон државата се гради од најмали нозе. Како примери ги посочи Соединетите американски држави и Швајцарија, каде во училиштата се интонира државната химна.

„Ако не ги почитуваме државните симболи и химна, рече Јаневска, државата нема да ја чувствуваме како своја. Државната химна може само да обединува и зближува, а не да поттикнува меѓуетнички поделби“, рече Јаневска. 

На ваквиот став на министерката за образование Јаневскањ реагираа од Европскиот фронт, предовден од ДУИ. Тие сметаат дека ваквиот закон само ќе ги поттикне меѓуетничките поделби, бидејќи во химната не биле опфатени останатите етнички заедници. 

Јаневска претходно денеска изрази очекување дека пратениците од ДУИ ќе го поддржат Предлог-законот за средно образование, за кој на комисиска расправа во Собранието искажаа забелешки во однос на интонирањето на државната химна во училиштата и најавија амандмани. Според неа, „крајно неразумно е да се запре Законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години“. 

Со предложениот Закон за средното образование, средното образование се дефинира како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца/лица со странско државјанство или деца/лица без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. Првпат се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование. Со новиот закон се воведува и нова концепција за испити на крајот на средното образование. 

Претходно законодавниот дом ја заврши општата расправа по Предлог-законот за образование на возрасните, Предлог-законот за стручно образование и обука, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и ги проследи во второ читање.

Зачлени се на нашиот е-билтен