Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Собранието го усвои предлогот на Владата на Мицкоски: Лиценците на воспитувачите во градинките стануваат двојазични

На денешната 27 собраниска седница, парлментарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ги усвои измените на Законот за заштита на децата, со кои лиценцата за работа која ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст станува двојазични. Измените во Собранието пристигнаа како предлог на Владата на Христијан Мицкоски.

Во воведот на Предлог на законот за измнеување и дополнувње на Законот за заштита на децата меѓу другото пишува:

„Со предложениот закон се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и
неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна
Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага
на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните
на Република Северна Македонија и неговото писмо“.

На денешната собраниска седница беа усвоени и четири одлуки: за разрешување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, за изменување на Одлуката за именување претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.

Зачлени се на нашиот е-билтен