Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 50. седница на која на дневен ред се пратенички прашања.

Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. 

Според новиот Деловник, од 21 ноември 2024 година, еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници во времетраење од два часа.

Зачлени се на нашиот е-билтен