Антонио Милошоски, на својот фејсбук-профил укажува дека изборот на судии во Апелцасикиот суд од страна на Судскиот совет е незаконит затоа што има низа пропусти во постапката.
Според него записниците, како и двете ранг-листи на кандидати за избор на судии за Апелацискиот суд Скопје, не се потпишани и верифицирани во полн состав од Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд, која мора да има тројца членови.
Тој смета дека поради наведеното, предложената ранг-листа е ништовна и дека затоа не може да се остваруваат права, ниту можело да се продолжи со процесот на селекција.
Второ, сегашниот претседател на Советот, Александар Камбовски, сторил кривично дело неизвршување на судска одлука во врска со овој процес на рангирање на кандидати за избор во повисок суд. Имено, иако бил известен пет месеци пред вчерашната седница, тој како претседател на РСС не постапил по конечно решение на Врховниот суд и правосилна пресуда на Управниот суд, со кои се укажува на сторени суштински повреди од страна на Судскиот совет на Законот за општата управна постапка и погрешно утврдена фактичка состојба во постапката на оценување на еден од кандидатите, што е спротивно на одредбите од Законот за Судскиот совет.